Сцена 11. ноември 2018. / 10:57

Славен актер се спасил од пожарот во Калифорнија, сега се моли за неговото семејство

Славен актер се спасил од пожарот во Калифорнија, сега се моли за неговото семејство

Околу 250.000 жители на Лос Анџелес и Вентура се евакуирани, а пожарникарите и понатаму се борат со огнената стихија.

Околу 150 куќи се уништени, а славниот холивудски актер Орландо Блум се евакуирал од својот дом, а пред самото заминување го фотографирал пожарот.

Во Малуби, кое е познато место каде што може да се најдат познати личности, беше наредена евакуација, а повеќе домови се уништени во местата Вестлејк Вилиџ и Оак Парк.

Пожарот се прошири на 35.000 ари. Меѓу евакуираните е и актерот Орландо Блум кој го фотографирал стравичниот пожар.

– Ова е мојата улица, фотографијата е од пред околу два часа. Се молам за моето семејство и благодарен сум им на храбрите пожарникари. Чувајте се, порача холивудскиот актер.