Програмата на Синди и ден -денес спаѓа во врвните за домашно вежбање.
Многу познати дами како Џејн Фонда, Џоан Колинс… во својата биографија имаат запишано и сопствени видео туторијали за вежбање и обликување на телото, но ниту едно селебрити видео не станало толку славно како она на Синди Крафорд од 1992 година.
-Првичниот сет ,,Shape your body” опфатил два туторијали од по 40 минутни вежби и еден со 10 минути загревање.
Синди на сетот е со својот тогашен фитнес инструктор кој ја води низ целото вежбање снимено во затворен простор, на плажа, како и на кровот од една зграда. Во видеото манекенката не користи реквизити, освен тегови и тоа во само еден дел од вежбите.
А, тука е и едно столче кое и помага за потпирање во некои вежби. Инаку, вежбите се за целото тело, и тоа има за зацврстување на рацете, затегнување на задникот и колковите… Погледнете всушност зошто ова видео и после 25 години е едно од најпопуларните.