Сцена 06. април 2018. / 17:41

Се отвори Саша Ковачевиќ: На почетокот само од нив имав поддршка

Се отвори Саша Ковачевиќ: На почетокот само од нив имав поддршка

Пејачот Саша Ковачевиќ е омилен меѓу припадничките на понежниот пол.

Пејачот, ретко зборува за својот приватен живот, но сега се одлучил да каже како влезе во музичкиот свет.

-Мора да признам дека на почетокот немав многу поддршка од колегите. Некако сами, моето семејство и јас влеговме во целата приказна и првиот спот и првата песна. Што повеќе се афирмиравме, повеќе запознававме луѓе од јавната сцена, а некои се до ден денес во нашите животи, сето тоа е составен дел од животот – изјави популарниот пејач.