Сцена 19. јули 2018. / 21:42

Се онесвестила од болка: Познатата актерка го обвини режисерот за силување

Се онесвестила од болка: Познатата актерка го обвини режисерот за силување

Француската актерка Сенд Ван Рој, го обвинила режисерот Лук Бесон за силување.

Во интервју за канал БФМ актерката изјавила дека немилиот настан се случил на 18 мај во хотелска соба во Париз.

„Се плашев дека ќе умрам. Следниот ден толку ме болеше, што се онесвестив. Кога е толку насилно, тоа е силување. Плачев, му реков да престане, повраќав. Ме тереша на одвратни сексуални чинови. Му покажав дека тоа не го сакам. Тоа беше силување“, рекла Ван Рој, која е наводно во тајна врска со Бесон, во последните две години.

Ван Рој го пријавила, а париската полиција потврдила дека режисерот е под истрага поради силување.

Актерката која се појавила во два негови филмови, во пријавата рекла дека се чувствувала лошо, откако испила чај, а потоа се онесвестила, па Бесон ја силувал.

Адвокатот на режисерот ги отфрлува обвиненијата и ги нарекол „фантазија“.