Состојбата на Дарко Лазиќ, кој се опоравува од страшната сообраќајка која ја преживеа на 23. октомври на патот Суботиште-Брестач, конечно се подобри. Во најтешките моменти со него биле родителите, пријателот Миљан Врачевиќ и девојката Марина Гагиќ, а во последно време се пишува дека таа престанала да го посетува.
Дарко сеуште се наоѓа во болницата во Земун и до пред неколку денови девојката секојдневно била со него, но наеднаш престанала да го посетува. Тоа создаде сомнеж дека прекина врската меѓу нив.
Сепак мајката на Дарко, Бранка го тврди спротивното.
-Не е вистина. Марина доаѓа секоја вечер, не доаѓа наутро. – рекла Бранка расположена поради подобрата состојба на Дарко, пренесуваат српските медиуми.
Бранка додаде дека нејзиниот син е подобро, но дека сеуште не станува од кревет.