Сцена

Роналдо се огласи по обвиненијата за силување

Роналдо се огласи по обвиненијата за силување

Силувањето е гнасен злочин кој се коси со се што сум и во се што верувам, напиша фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо на Фејсбук.

Португалецот се огласи откако полицијата во Лас Вегас отворила истрага за наводно силување од 2009 година, а Роналдо порача дека мирно ќе го чека крајот на истрагата бидејќи не е виновен.

-Цврсто ги отфрлам сите обвиненија кои се изнесени против мене. Ќе го исчистам своето име, одбивам да го хранам медиумскиот спектакл кој создаде луѓе кои сакаат да се промовираат на моја сметка. Совеста ми е чиста и смирено ги чекам резултатие од сите истраги, порача фудбалерот.

Германски „Дер Шпигел“ неодамна објави тврдење на Американката Кетрин Мајорг дека Роналдо ја силувал на 13 јуни 2009 година во хотелска соба во Лас Вегас, каде таа работела како хостеса.