Сцена 25. април 2018. / 16:29

Роберт Патинсон е заштитно лице на ,,Диор”

Роберт Патинсон е заштитно лице на ,,Диор”

Роберт Патинсон е ново заштитно лице на брендот ,,Диор Уомо”, за колекцијата eсен-зима 2018 година.

Патинсон повторно соработува со Карл Лагерфелд, кој беше задолжен за фотографирањето, а сесијата е направена во студио во Париз.

Француската модна куќа соопшти дека Патинсон е совршен избор и вистински маж кој со својата елеганција, стил и извесна доза бунтовност, може да ги претстави новите парчиња облека.