Сцена 26. ноември 2018. / 12:52

Раде Шербеџија откри зошто го уапсиле во Америка и што се случувало таа ноќ

Раде Шербеџија откри зошто го уапсиле во Америка и што се случувало таа ноќ

Легендарниот актер Раде Шербеџија е уапсен во САД, откако бил фатен како вози во алкохолизирана состојба.

Иако странските медиуми пренесоа дека кај Раде Шербеџија било пронајдено и шише виски во неговиот автомобил, откриено е што, всушност, се случило таа ноќ.

Сепак, како што истакна тој, во крвта имал 0,8 промили алкохол, што е граница, но полицијата од него побарала, како што рекол глупави потези.

-Мене ме сопреа и ми измерија 0,8 промили алкохол во крвта, а тоа е границата. Но, тие бараа да направам некакви глупави потези, кои не можев да ги направам поради болки во грбот. Поради тоа ме исклучија од сообраќај, рекол Шербеџија за српските медиуми.