Популарната пејачка Рада Манојловиќ откри кој е најмногу против нејзината врска со пејачот Харис Берковиќ.
-Многу сакаат да не видат раздвоени… Многу, верувајте ми. Мислам на многу колеги и луѓе од работа, менаџерите, газдите, музичарите… Многу се против нас. Во последно време тоа го чувствувам повеќе од било кога. Мене ми зборуваат против него, него против мене… Ми зборуваат „Тој не те сака, види колку е млад, тој е друга вера, ќе те изневери, на што се надеваш?“. Од каде таа храброст, што ги интересира за што се надевам јас?! Тоа е или храброст или дрскост, безобразно. Тоа е надвор од секоја памет, но јас сум убаво воспитана, па тие луѓе не можам од почеток да ги поставам на своето место. Навикната сум, изгледа, да ќутам и да климнувам со главата, не го примам тоа при срце, но дефинитивно во последно време има многу од нив кои се во фазон – што ќе ти е тој толку млад- изјави пејачката за српските медиуми.