Една од најубавите холивудски глумици Хали Бери, на своите фанови на Инстаграм им поделила неколку совети за вежбање и тренинзи.
Хали Бери на Инстаграм објавила фотка во секси долна облека покрај која со своите 2,6 милиони следбеници, во пресрет на летото го споделила и својот ритам на вежбање.
„Да се има цврсто тело за мене е многу повеќе од тоа да изгледам добро во костум за капење. За мене тоа значи дека сакам добро да се чувствувам во своето тело. Не е важно каков облик на тело имате, битно е она чувство кога ќе облечете бикини и ќе се чвствувате самоуверено. Тоа е таа победа! Мојата самодоверба дојде како резултат на тоа што своето здравје го ставив на прво место. Ако сега сте почнале да вежбате или веќе вежбате, а сеуште не сте ја постигнале саканата цел, битно е да не се откажете“ порачала Хали и ги повикала сите оние кои сакаат да се пофалат со своите успешни резултати да испратат свои фотографии и учествуваат во натпреварот.
Како што напишала, победникот ќе добие патување во Лос Ангелес и можност да вежба со неа и нејзиниот тренер Питер Ли Томас.
Хали е мајка на 10. годишната ќерка Нахла која ја има со канадскиот модел Габриел Оубри, а синот Мак го добила со бившиот сопруг Оливер Мартинез, француски глумец од кого се развела во 2016. година после три години брак.