Фан Бингбинг, најпознатата кинеска актерка и една од најплатените актерки во светот исчезна без трага. Информацијата за успешната Кинеска која славата ја стекна во филмовите „Ајрон мен“ и „Икс-мен“ ја нема веќе три месеци.
Американските медиуми пишуваат дека Фан Бунгбинг веројатно тајно е уапсена поради наводни даночни затајувања во филмската индустрија со што ги налутила кинеските власти.
Напис на 6 септември објави државниот медиум Securities Daily, во кој се наведува дека наводно Бингбинг е под контрола и дека се очекува законска пресуда, но наскоро беше избиршан. Во исто време, нема официјални информации за обвиненијата, како ни за истрагата против неа.
CNN пишува дека проблемите почнале кога во јавност протекол нејзиниот филмски договор. Според Global Times, Фан имала два различни договори – еден официјален на 1,5 милиони долари и друг приватен на сума од 7,5 милиони долари. Оваа пракса во кина е позната како јин-јанг договори.
Нејзините договори во јавноста ги пуштил телевизискиот водител Чуи Јонгјан кој во јуни и се извини на популарната актерка.
Иститот месец кинеските власти почнаа истрага за јун-јанг договорите во филмската индустрија во Кина. Потоа повлечени се сите реклами со нејзиниот лик, а таа е отсутна од социјалните мрежи во последните три месеци.
Нејзиниот оддел за односи со јавност ги отфрла сите обвиненија.