Сцена

Познато кога ќе биде погребан Оливер Драгојевиќ, имал само една желба

Познато кога ќе биде погребан Оливер Драгојевиќ, имал само една желба

Последното испраќање на хрватската музичка легенда Оливер Драгојевиќ, кој утринава ја загуби битката со ракот, ќе биде во вторник во Сплит.

Погребот ќе се одржи во неговото родно место Вела Лука на Корчула еден ден подоцна, што било желба на пејачот, јавуваат хрватските медиуми.

Организацијата за последниот поздрав на пејачот ја презема Градот Сплит, поради што во тек се состаноци.

Градоначалникот на Сплит издал налог за катамаран и нарачал посебно возило во кое телото на Оливер ќе биде пренесено од црквата до пристанишната капетанија.

На последниот пат кон родното место, Оливер ќе патува заедно со членовите на семејството и групата со која со години соработувал.

Погребот ќе биде одржан во среда во кругот на најблиското семејство и пријателите. Се уште точната сатница не е позната, а истиот ден ќе биде одржана и комеморација