Сцена 11. јули 2018. / 19:46

Познат режисер сексуално напаѓал актерки

Познат режисер сексуално напаѓал актерки

Францускиот сценарист, режисер и продуцент Лук Бесон пред извесно време беше обвинет за сексуален напад врз актерка со која работел на неколку проекти претходно.

Според новите податоци од истрагата, повеќе жени го обвинуваат Бесон за несоодветно однесување, јавува порталот ИМДБ.

Обвинувањата кон режисерот се случуваат во период кога неговата компанија Јуропа-Корп се соочува со финансиски проблеми и реструктуирање, по потфрлањето на неговиот најнов филм „Валеријан“.

Бесон е познат по филмовите „Петтиот елемент“, „Луси“, „Леон: Професионалецот“ и трилогијата „Артур“.