Сторми Даниелс стана најбараната американска порно ѕвезда откако почна да раскажува за аферата што ја имала со него во 2006.
Пикантериите од аферата стигнаа и до модното списание Вог , каде Сторми раскажува што се случило. ,,Кога почнав со сето ова имав на ум само како да се спасам и ништо друго.” ,вели порно ѕвездата , која дебело наплатува за своите настапи и чија кариера процвета откако се дозна дека и биле платени 130 000 долари да молчи за аферата пред почетокот на претседателската кампања на Доналд Трамп. Сторми тврди дека се се случило во хотелска соба на езерото Тахо, по завршување на хуманитарен голф турнир.
На прашањето како било во креветот , порно ѕвездата со одговор. ,, Колку детали може да ви кажам за нешто што траеше две минути . И со тоа многу кажав…”
Таа вели дека на ниеден начин не била присилена на сексуален чин. Даниелс за аферата прв пат прговори во 2011 за списанието In Touch Weekly кое приказната не ја објави поради страв од тужба од адвокатот на Трамп, Мајкл Коен.
Но , на 21 овој месец Коен на суд призна дека по барање од Трамп и платил на Даниелс да молчи , и тоа не само неа , туку и на Плејбој зајачицата Карен Мекдугал.
Инаку Сторми Даниелс за Вог беше фотографирана од славната Ани Лајбовиц , а носеше фустан вреден илјадници долари од модниот креатор Зак Посен . Таа во интервјуто вели и дека се плаши за сопствениот живот , па откако почнала да изнесува детали за аферата , има тројца постојани телохранители.