Сцена 25. октомври 2018. / 11:02

Поради обилно крварење Дарко Лазиќ итно префрлен во операциона сала

Поради обилно крварење Дарко Лазиќ итно префрлен во операциона сала

Пејачот Дарко Лазиќ е итно префрлен во операциона сала поради обилно крварење во стамакот, пишуваат српските медиуми.

Пејачот чие здравствена состојба нагло се влошила, денеска итно е префрлен во операциона сала. Детали сеуште нема.

Инаку Лазиќ, кој доживеал тешка сообраќајка, се обидел да закочи кога сфатил дека ќе излета од патот кај Брестач, каде се превртил со автомобилот. Поради големата брзина тој не успеал да застане навреме.

На местото каде што излетал пејачот, полицијата пронашла траги од кочење. Тие траги покажуваат дека Лазиќ не заспал на воланот.

Јасно е дека пејачот кога сфатил дека губи контрола, сакал да застане, но не успеал. Како што пишуваат српските медиуми, тој возел повеќе од 100 километри на час.