Сцена

Ограбена куќата на Ријана

Ограбена куќата на Ријана

Засега непознати сторители, во вторникот вечерта, ја ограбиле куќата на познатата пејачка Ријана.

Во Холивуд Хил, во крајот каде што се наоѓа нејзината куќа во Лос Анџелес настанал општ хаос. Полициските автомобили го опколиле целиот регион, за да можат веднаш да ги пронајдат сторителите на ова кривично дело.

Три лица се осомничени дека влегле во куќата, а звучниот аларм и светилките што почнале да се гасат и палат дале знак за тревога.

Полицијата соопшти дека тројцата осомничени пристигнале во автомобилот кој постојано бил запален. Сè уште не е познато што сè однеле, пишуваат странски медиуми.

Тимот на Ријана не сакаше да го коментира настанот, но за среќа пејачката не беше дома за време на грабежот.