Сцена 18. април 2018. / 14:23

Одложено рочиштето на Цеца и Карлеуша – им почина судијата

Одложено рочиштето на Цеца и Карлеуша – им почина судијата

Пејачката Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша се сретнаа во Првиот основен суд во Белград, каде се појавија на рочиште поради тужба и контратужба со која се товарат едната и другата.

Имено на рочиштето кое било одржано пред шест месеци како обид за смирување, паднале тешки зборови. Јелена Карлеуша потоа во тужба навела дека Цеца ја навредувала, на што фолк ѕвездата поднела контратужба.

Двете пејачки денеска се појавиле на закажаното рочиште, кое пак е одложено поради смртта на судијата.

Јелена и Цеца се задржале 10 минути во судот, по што го напуштиле истиот.