Сцена 19. април 2018. / 11:47

Од куќата на Ашер украдени пари и накит во вредност од 820.000 долари

Од куќата на Ашер украдени пари и накит во вредност од 820.000 долари

Полицијата трага по крадците кои провалиле во домот на раперот Ашер во Лос Анџелес и од каде украле пари и накит во вредност од 830.000 долари.

Поранешната сопруга на Ашер, Грејс Мигуел, од домашната помошничка разбрала за инцидентот на 29 март и потоа ги известиле надлежните. Наводно, помошничката на Грејс и рекла дека открила стапалки од чевли на вториот кат и отпечатоци од прсти на перница.

Снимката од безбедносната камера недостасувала.

Мигуел за полицијата изјавила дека најверојатно крадците влегле преку прозорец, но од полицијата не можеле да дадат детали за кражбата.