Сцена 12. април 2018. / 14:17

Мараја Кери со шокантно откритие, речиси две децении тајно се бори со растројство

Мараја Кери со шокантно откритие, речиси две децении тајно се бори со растројство

Пејачката Мараја Кери откри дека има биполарно растројство

Дијагнозата ја дознала во 2011 година, откако побарала помош, а тој период од животот го опишува како најтешки години.

-До неодамна живеев во негирање и изолација со постојан страв дека тоа ќе се дознае. Тешко е да се носиш со тоа и јас едноставно повеќе не можев. Барав помош и добив лекување, се опкружувам со позитивни луѓе и почнав повторно да го правам тоа што најмногу сакам – да пишувам песни и да свирам музија, изјавила Кери за магазинот „Пипл“.

Таа додала дека продолжува со терапијата и пие лекови за биполарно растројство кои предизвикуваат период на депресија и хипоманија.

-Изгледа дека лекот кој го користам е многу добар. Не се чувствувам претерано уморно. Пронаоѓањето на рамнотежа е најважно. Долго мислев дека имам сериозно пореметување на сонот, но тоа не беше нормална несоница. Работев, работев и работев. За време на депресивните периоди немав енергија, се чувствував осамено и тажно, дури и виновно бидејќи не го правев тоа што треба да мојата кариера, додава пејачката.