Сцена 20. јуни 2018. / 21:24

Малума ограбен во Москва

Малума ограбен во Москва

Колумбискиот пејач Малума кој пристигнал во Москва да навива за својата земја бил ограбен во рускиот хотел „Четири сезони“ каде престојувал. Тој тврди дека непознати лица му го одзеле накитот и лускузните предмети во вредност од 787 илјади долари.

Укрaдени се брендирани предмети, облека и накит меѓу кои и нараквица и ланец „Картие“, неколку „Ролекс“ часовници, ранец и ташна „Луи Витон“ итн.

Според извори во полицијата, непознато лице се претставило како гостин на пејачот и добило дупликат од електронскиот клуч.

Руската полиција го истражува случајот.