Сцена 15. јули 2018. / 09:59

Лозано: Го откажав настапот затоа што не сакам да ги делам луѓето

Лозано: Го откажав настапот затоа што не сакам да ги делам луѓето

Јас сум пејач, музичар и уметник и само поради такви причини сум прифаќал настапи пред публиката.

Влатко Лозаноски – Лозано беше еден од артистите кои требаа да настапат вчера вечер по повод прослава за ЕУ и НАТО, која беше организирана од СДСМ во повеќе градови низ Македонија.

Познатиот пејач го откажа својот настап поради неколку причини и преку фејсбук статус ги извести граѓаните и фановите.