Сцена 29. мај 2018. / 13:49

Лепа Брена објави фотографија со идната снаа

Лепа Брена објави фотографија со идната снаа

Српската пејачка Лепа Брена и нејзиното семејство беа гости на венчавката на ќерката на легендарниот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси, а Инстаграм заедницата е воодушевена од фотографијата која пејачката ја објавила.

Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ наскоро ќе се венчаат, а многумина медиуми пишуваа дека Лепа Брена и Александра немаат баш најдобар однос. Меѓутоа, пејачката решила да ги демантира сите со само една фотографија и силна порака.

Имено, додека пееле и се забавувале на венчавката, пејачката искористила момент и направила популарно „селфи“ со идната снаа, а во описот на фотографијата напишала „Моето мило злато!“.

 

Moje drago zlato❤?

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Со ова Брена навистина покажа дека има коректен однос со идната снаа Пријовиќ.