Сцена

Лепа Брена на суд поради 40.000 евра: 9 години чека да и исплатат концерт

Лепа Брена на суд поради 40.000 евра: 9 години чека да и исплатат концерт

Лепа Брена доби спор на суд кој е започнар порафи неподмирени долгови кон пејачката по концертот во Хрватска во 2009 година. Госпоѓата Тања Бичиќ Граниќ мора да и исплари пари.

Проблемот е настанат пред 9 години кога Лепа Брена закажала и одржала концерт во Загреб. Првиот договор бил дека цената за настапот е 100.000 евра. На Брена и се исплатени околу 70.000, а остатокот до неа не пристигнал. Госпоѓата Ганиќ, која е сопственик на фирмата која го организирала концертот сега мора да и исплати скоро 40.000, сметајќи ги и каметите за доцнењето.

Сопственичката на фирмата тврди дека до исплаќање на остатокот не дошло затоа што продажбата на билети паднала бидејќи во јавност излегла фотографија на која Брена носи српска униформа.

Пејаќката истакнала дека станува збор за измислица и дека нејзината гардероба била „онаа за сафари“. Брена професионално ги исполнила своите обврски кои биле пред неа и направила одличен концерт. Иако по неисплаќањето на обврските таа испратила опомена, сепак остатокот од парите никогаш не стигнал до неа.