Сцена 25. октомври 2018. / 12:25

Лазиќ во критична состојба: Еве зошто го префрлиле во операционата сала

Лазиќ во критична состојба: Еве зошто го префрлиле во операционата сала

Хирурзите од болницата во Земун, го префрлиле пејачот Дарко Лазиќ во операционата сала, денеска околу 11 часот, за да ја проверат состојбата на внатрешните органи кои претрпеле тешки повреди во сообраќајката која се случи во вторникот, пренесуваат српските медиуми.

Хирурзите проверувале дали има внатрешно крварење кое треба да се санира. Како што пишува српски Блиц, Лазиќ е во критична состојба, бидејќи при ударот провредени му се белите дробови, а бубрезите му откажале. Неговите роднини и пријатели утринава отишле во болницата за да дадат крв за тешко повредениот пејач.

Според докторите, ништо не може да се каже однапред за состојбата на Лазиќ.