За разлика од повеќето младенци кои од ковертите со пари што ги добиваат не успеваат да ги покријат ниту трошоците за организирање на свадбата, Пријовиќ и Филип немаа такви маки. Таткото на младоженецот, Боба Живоиновиќ и неговата сопруга Лепа Брена ја финансираа во целост свадбата, која чинеше 400.000 евра, а сите пари што младенците ги добиле на подарок ќе се употребат за почеток на заедичкиот живот.
Според првите проценки по венчавката, Александра и Филип собрале околу половина милион евра, бидејќи повеќето гости како подарок им дале плик со пари.