Сцена 06. јули 2018. / 19:27

Клои Кардашијан јавно проговори за врската со Тристан Томпсон

Клои Кардашијан јавно проговори за врската со Тристан Томпсон

Никој не очекуваше дека за оваа чувствителна тема ќе се зборува на социјалните мрежи. Долго време чекавме старлетата да се изјасни за својата врска со ѕвездата НБА, и конечно дочекавме.

Да потсетиме, неколку дена пред Клои Кардашијан да ја роди ќеркичката Тру, нејзиниот избраник, кошаркарот Тристан Томпсон е фатен на дело како ја изневерува Клои.

Тој исчезнал од социјалните мрежи, а Клои престанала да објавува нивни заеднички фотографии, кои што до тогаш секојдневно ги објавуваше на Инстаграм.

Исто така избегнувала и било какви јавни коментари поврзани со случувањата, а сега конечно ја прекина тишината и тоа на неочекуван начин.

Имено, Клои ѝ одговори на коментар на една обожавателка, која што на Твитер пишувала за нејзината врска со Тристан.

„Ја сакам Клои, но разочарана сум што остана со неуспешниот Тристан. На други жени им вели дека треба да научат повеќе да се ценат себеси и да си заминат кога ќе дојде време за тоа, а таа самата тоа не го применува. Испадна дволична“, напишала корисничката на Твитер, но старлетата не ѝ остана должна:

„Не си потполно во право, бидејќи не знаеш што точно се случува во нашиот дом и колку труд вложуваме за да можеме нормално да функционираме. Многу сум горда на себе и на својата моќ. Го почитувам твоето мислење и се надевам дека го применуваш кај себе“.

Врз основа на сето ова, можеме да заклучиме дека Клои и Тристан се обидуваат да го решат својот однос и да ја спасат врската, а кошаркарот пред неколку дена ја објави и својата прва фотографија со нивната ќерка и синот од претходната врска.