Пред девет месеци српската пејачка Ана Николиќ и раперот Раста станаа родители на Тара. Двојката ретко објавува фотографии од ќерката, а и кога ставаат нејзиното лице не се гледа.
Таква фотографија повторно објави Раста, ама овојпат во преден план беше скапиот златен синџир со приврзок од ,,Версаче”.
,,Немав газда додека не се појави ти” , напиша Раста покрај фотката.
Коментарите на фановите се поделени, но повеќето сметаат дека Тара е премногу мала за да ја китат со толку луксузен накит.