Сцена 07. мај 2018. / 15:24

Ќе потрошат два милиони евра: Јована и Жељко Јоксимовиќ купуваат вила

Ќе потрошат два милиони евра: Јована и Жељко Јоксимовиќ купуваат вила

Јована и Жељко Јоксимовиќ наводно се во преговори да купат луксузна вила на Сењак и тоа од Ивана Мишковиќ и Горан Кариќ.

Водителката и пејачот, кои во моментов живеат во дуплекс, откако добија близнаци, размислуваат да пазарат вила во елитниот дел на Белград, каде цените се изгор.

Јована и Жељко фрлиле око на преубавата вила на ќерката и зетот на сопственикот на Делта, Мирослав Мишковиќ, со оглед на тоа дека има огромен двор со игралиште и базен, а се уште преговараат околу цената, со оглед на тоа дека ваква куќа во овој елитен дел чини и околу 2 милиони евра.

Коста, Срна и Ана ќе имаат свои соби, како и Мина, ќерката на Жељко од првиот брак.