Сцена 06. септември 2018. / 22:34

Ким Кардашијан на состанок во Белата куќа (ФОТО)

Ким Кардашијан на состанок во Белата куќа (ФОТО)

Старлетата Ким Кардашијан повторно беше на сериозен состанок во Белата куќа, во намера да ослободи уште еден затвореник.

Ким Кардашијан, во Белата куќа на состанокот се договараше со ќерката на Доналд Трамп и една од неговите најголеми помошнички, Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џерад Кушнер. Таа вчера се сретна со Иванка по само три месеци од состанокот со нејзиниот татко, американскиот претседател Доналд Трамп, кога побарала од него да го ослободи затвореникот Алис Џонсон. Старлетата оваа информација ја сподели на твитер.

,, Кога ги видов и ги слушнав приказните на овие луѓе, кои ги сретнав во затвор, не можев да прекинам само по еден случај”, напиша Ким.

Таа овој пат се вратила во Белата куќа за да направи ,,реална системска промена” и да апелира за ослободување на затвореникот Крис Јанг, кој е осуден на доживотен затвор за поседување марихуана. Бил уапсен во 2010, а Ким смета дека казната е претерана.

,,Тоа не е праведно. Тој има 30 години, а во затвор поминал цели 10 години” , изјави Ким.