Сцена 07. септември 2018. / 19:09

Кајли го покажа новото момче на црвениот килим (ФОТО)

Кајли го покажа новото момче на црвениот килим (ФОТО)

Кајли Миног, премиерно го прошета на црвениот тепих своето ново момче Пол Соломон.

Во лондонскиот Tate Modern е одржана гламурозната доделба на наградите GQ Men of the Year Awards. Во оваа пригода Кајли Миног, премиерно на црвениот тепих, го прошетала својот нов дечко Пол Соломон.

Славната “џебна Венера“ во мај го прослави 50. роденден, но на црвениот тепих се покажа со младалашки сјај. Облекла металик златен долг фустан со отворен грб, што ја истакна нејзината витка фигура. Под фустанот, кој се протегал до земјата, се проѕираа златни сандали со платформа и високи потпетици.

Пејачката, се чини, дека добро се опоравила од минатогодишниот прекин со вереникот, бидејќи со познатиот моден уредник, кој често се појавува во јавноста во друштво на славните убавици, едноставно сјае.

 

 

View this post on Instagram

 

Date night ?

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue) on