Сцена 13. август 2018. / 22:18

Израел ја губи Евровизија – еве зошто

Израел ја губи Евровизија – еве зошто

Доколку до утре, 14 август, Израел не ја плати гаранцијата за одржување на Евровизија во 2019 година, можно е да го изгубат правото на организација на фестивалот и покрај победата во мај годинава.

Австриските медиуми шпекулираат дека доколку ова се случи, токму Австрија ќе го добие правото за организација на фестивалот во 2019 година. За потсетување, Австрија освои прво место со поените од стручните жирија на државите учесници на Евровизија, додека пак, Израел победи во комбинација од гласовите на жиријата и на телевоутингот.

Неизвесноста околу Израел како домаќин се појави уште при прогласувањето на победата, најпрво поради безбедносни причини. Потоа, контроверзијата продолжи со изјавите на победничката Нета дека Евровизија ќе има само доколку домаќин биде Ерусалим, а не Тел Авив. Во моментов, официјален Израел се соочува со неодобрување средства од државата за организација на Евровизија, а на 14 август истекува рокот за уплата на финансиската гаранција.

Доколку не успеат да го направат тоа, ќе треба да се избере друга држава за да го организира фестивалот. Австрија се повеќе од подготвени на тоа, бидејќи според нив, доколку доделувањето на поени беше фер, победик ќе беше нивниот претставник Цесар Сампсон.

Државната телевизија на Израел, КАН, бара од премиерот Нетанјаху да одобри средства за организирање на овој фестивал.

Со песната „Toy“, пејачката Нета на Израел ѝ ја донесе четвртата победа на државата на Евровизија, но прва по цели 20 години, кога во 1998 година победи Дана Интернационал, со песната „Diva“.