Сцена 08. мај 2018. / 10:36

Хакерка која украла разголени фотографии на Парис Хилтон, осудена на 4,5 години затвор

Хакерка која украла разголени фотографии на Парис Хилтон, осудена на 4,5 години затвор

Хакерка, која украла десетици илјади долари и разголени фотографии на популарната старлета Парис Хилтон, е осудена на 57 месеци затвор.

Престапничката по име Пајтсар Бекчазијан е уапсена минатата година. Таа ќе треба да и плати 318.000 долари отштета на наследничката на ланецот хотели „Хилтон“.

Богатата наследничка се појави во судот во Лос Анџелес за да го проследи крајот на процесот.

– Оваа жена го доби заслуженото – изјави Хилтон по пресудата.

Осудената две години ги злоупотребувала сметките на Парис Хилтон.