Сцена

“Евровизија“ наместо во Ерусалим ќе се одржи во Тел Авив

“Евровизија“ наместо во Ерусалим ќе се одржи во Тел Авив

Од безбедносни причини годинешново 64-то по ред издание на овој најголем музички фестивал наместо во Ерусалим, како што требаше, ќе се одржи во Тел Авив.

Организаторите велат дека по неколкумесечни преговори го избрале Тел Авив наместо Ерусалим заради инфраструктурата и можностите кои ги нуди градот.
Полуфиналните вечери ќе се одржат на 14 и 16-ти мај, а финалето е закажано за 18 мај 2019. г. Истовремено тие им се заблагодаруваат на сите израелски градови кои учествувале во трката за домаќин на “Евровизија 2019“ и на националната телевизија КАН заради помошта која им ја пружиле во правењето на темелната проценка и носењето на конечната одлука.

Претседателот на ЕБУ, Јон Ола Санд изјавил дека сите се многу возбудени се надеваат дека следната “Евровизија“ во соработка со КАН ќе биде најспектакуларна до сега, зошто Тел Авив е најдоброто решение за овој музички спектакл.