Сцена 19. јуни 2018. / 18:18

Естрадата во шок од нивното однесување: Аца Лукас прв пат по разводот се сретнал со Соња

Естрадата во шок од нивното однесување: Аца Лукас прв пат по разводот се сретнал со Соња

Пејачката Марина Висковиќ претходната вечер одржала промоција на својот нов амбум и цела естрада била присутна.

Сепак, најголемо внимание привлекол Аца Лукас, кој цела вечер не се одвојувал од Цеца, а потоа се појавила и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ.

Ова е прва средба на поранешните сопружници во јавност, а нивното однесување ги изненадило сите. Инаку Лукас цело време бил весел, дури и неколку пати запеал со Цеца, а потоа го испеал својот голем хит “Волиш ли ме”, на што Соња скокнала на нозе и заиграла весело.