Најплатениот актер на светот, Џони Деп (55) потполно изгуби контрола во последно време, а последниот инцидент се случил кога влегол во физичка пресметка со локацискиот менаџер на филмот „LAbryrinth“.
Деп предизвикал инцидент откако градските власти не му дозволиле дополнители часови снимање на улиците. Човекот на кого му се нафрлил му рекол само дека ја работи својата работа и оти ги слуша своите надредени, и тогаш Деп потполно полуде, тврди сведок на ицидентот.
Тој вели дека Деп дошол на сетот потполно пијан, дури и „токсичен од алкохол“. Џони го удрил во ребрата и продолжил да го удира, но луѓето кои се нашле во непосредна близина ги развоиле. Деп почнал да вика: „Удри ме ако смееш, еве ти 100.000 долари“, тврди еден од сведоците.
Деп се расправа и со тужби од поранешни вработени, кои во почетокот на мај поднесоа тужба против него во судот во Калифорнија.
-Не третираше како дадилки наместо како телохранители, бевме недоволно платени, а премногу работевме, рекоа Евген Ареола и Мигел Санчез.
Тие тврдат дека не им е платено прекувременото работење од април 2016. година до јануари 2018. година и оти Деп им ја ускратувал храната и времето за одмор.
Во тужбата наведуваат дека во една прилика по излегувањето од ноќен клуб му ги бришеле трагите од дрога за другите да не го забележат белиот прав кој му останал околу носот.
-Не само што внимававме на него да не потроши премногу пари, како што бараше, туку бевме и дадилки на неговите деца, што никако не беше вметнато во описот на работата, тврдат телохраните.
МИА