Сцена 30. мај 2018. / 20:01

Две награди за Велешкиот театар на фестивал во Русија

Две награди за Велешкиот театар на фестивал во Русија

Велешкиот театар со комедијата „Вдовицата се мажи“ во режија на Младен Крстевски освои две награди на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ кој се одржа во Москва.

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ доби награда за најдобра странска претстава и награда за најдобар ансамбл за актерите Марина Поп Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски, пренесува МИА

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон П. Чехов напишана во 1888 година. Претставата е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти.

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимограф Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова.