Сцена 25. октомври 2018. / 13:39

Докторите се консултираат: Дарко Лазиќ ќе остане без левиот бубрег

Докторите се консултираат: Дарко Лазиќ ќе остане без левиот бубрег

Поради сериозноста на повредите, докторите, според неофицијални информации, ја разгледуваат можноста да го отстранат левиот бубрег на младиот пејач Дарко Лазиќ, пренесуваат српските медиуми.

Лазиќ инаку денеска беше хируршки прегледан за да се утврди точниот степен на повредите.

-Најголемиот проблем е левиот бубрег кој откажа, така што се разгледува опцијата да се извади, рече менаџерот на Дарко Миљан Врачевиќ и додаде дека дадена му е голема количина крв на пејачот, но проблемот е што и тој многу губи.

Докторите информираат дека пејачот ќе претрпи трајни последици по сообраќајката.