Сцена 24. октомври 2018. / 11:32

Детали за здравствената состојба на Дарко Лазиќ

Детали за здравствената состојба на Дарко Лазиќ

Српскиот пејач Дарко Лазиќ се наоѓа во тешка здравствена состојба, откако преживеа тешка сообраќајка.

Од ТВ Прва неофицијално дознаваат дека пејачот ќе биде префрлен на врвната медицинска, образовна и научноистражувачка институција Военомедицинска академија. Од извори блиски до пејачот и од лекарските кругови, Лазиќ возел под дејство на супстанци и не ставил безбедносен појас на себе.

Лекарите, после несреќата, успеале да ги стабилизраат сите витални функции на пејачот и да ја наместат повредената бутна коска. Сепак, медицинските лица не се осудуваат да дадат каква било прогноза заради повреди на белите дробови.

Според информациите во српските медиуми, на Дарко Лазиќ претходно му била одземена возачката дозвола заради прекршоци, па пејачот кога ја доживеал сообраќајната несреќа, возел без потребните документи.

Лазиќ доживеал несреќа во која автомобилот што го управувал излетал од патот и завршил на кров, целосно уништен. Има информации и според кои во моментот додека возел бил во алкохолизирана состојба.

Лазиќ пред да влезе во автомобило бил на забава кај негови пријатели.

– Сообраќајката се случи рано наутро. Претходно, Дарко консумираше алкохол во неверојатни количини, во алкохолизирана состојба седна зад воланот и заврши како што заврши – изјавил негов близок пријател за српските медиуми, кој сакал да остане анонимен за „Еспресо.рс“.