– Глумецот Дејвид Хаселхоф (66), најпознат по главната улога во „Чувари на плажата“, по третпат застана пред олтарот, а церемонијата се одржа во италијанската област Апуља.
Овојпат негова избраничка е 29 години помладата велшка манекенка Хејли Робертс. Тие се венчаа по седум години во врска. Актерот претходно беше оженет за Памела Бах и Кетрин Хикланд.