Српскиот пејач Дарко Лазиќ покрај мајка му Бранка, татко му Драган и сопругата Ана Севиќ, може да го посети и помладиот брат, но само на кратко, бидејќи пејачот и понатаму е во критична состојба.
Лазиќ по сообраќајката се здобил со тешки повреди на главата, ‘рбетот, а има и скршени ребра, бутна и карлична коска, како и повреди на белите дробови и хематом на левиот бубрег.
Во четвртокот тој беше опериран и извадена му е слезианта поради обилно крварење.