Фок пејачката Светлана-Цеца Ражнатовиќ на социјалните мрежи објави фотографија од својот покоен сопруг ЖељкоРажнатовиќ – Аркан.
Цеца пред речиси две децении остана без својот сопруг со кој има две деца.
Колку нејзиниот покоен сопруг и понатаму зазема важно место во нејзиниото срце, говори и тоа што Цеца не пропушта ниту една годишнина или роденден, а да не го посети неговото гробно место.
Пејачката се огласила и на социјалните мрежи, каде што ја споделила семејната фотографија, со емотивен опис во кој директно се обратила.
,,Ние немаме многу заеднички фотографии, само оние кога Вељко и Анастасија беа мали. Денес ти е роденден! Ти живееш во нас и со нас.Нека ти е вечна слава” , напишала Цеца.