Сцена 30. април 2018. / 19:58

Цеца ја откри најболната тајна

Цеца ја откри најболната тајна

Фолк ѕвездата Светлана Ражнатовиќ има болна тајна што ја чувала со децении. Шокантна исповед на Светлана Цеца Ражнатовиќ објавија српските медиуми.

Цеца како што е познато има две деца, Вељко и Анастасија. Нивниот живот таблоидите во соседството го следат во минута, но, во јавноста не се знае дека Цеца била бремена и пред да го роди синот Вељко.

По тоа, иако имала само 22 години не можела да затрудни. Затоа и било направено вештачко оплодување.

Така со упорност и инвитро на сопругот Жељко Ражнатовиќ – Аркан му родила две деца.

Како што пишуваат медиумите вештачкото оплодување на Цеца го направил најпознатиот гинеколог Миленко Пророчиќ кој работел на гинеколошката клиника во Белград, а бил и професор на Медицинскиот факултет.