Кубанскиот актер Вилијам Леви е пред банкрот. Тој изгради успешна кариера глумејќи во мексикански сапуници. Но, откако се појавил во спотот на Џенифер Лопез за песната ,,I’m into you”, се обиде да се прослави и во Холивуд.
Актерот почнал да ги одбива улогите кои му ги понудиле продуцентите на мексиканските серии со надеж дека ќе добие улога во холивудски блокбастер.
По некое време понудите за улоги престанале да доаѓаат, а Вилијам веќе не заработувал. Заради неисплатен кредит кон банката куќата му била запленета, а тој направил долг од 15 милиони пезоси.
Леви сега се соочува со банкрот. Мексиканските медиуми, кои први ја објавија веста за банкротот, пишуваат дека ако не сака да ги исплати долговите, ќе мора да се врати на снимањето сапуници, кариерата од која се обидел да избега.