Сцена 15. април 2018. / 11:48

Аријана Гранде наскоро ќе го објави својот нов сингл, прв по смртоносниот напад во Манчестер

Аријана Гранде наскоро ќе го објави својот нов сингл, прв по смртоносниот напад во Манчестер

Аријана Гранде на 27-ми април ќе го објави новиот сингл од нејзиниот претстоен албум, пишува “Billboard”.

Албумот ќе биде снимен во соработка со Макс Мартин, Саван Котеча и Фарел Вилијамс, а ќе опфаќа теми од животот на пејачката во последните две години.

Ова ќе биде прв сингл на Аријана по смртоносниот напад кој минатата година се случи на нејзиниот концерт во Манчестер, кога загинаа 23 лица, а близу 500 беа повредени.

Две недели по нападот, Аријана заедно со Џастин Бибер, Мајли Сајрус, “The Black Eyed Peas”, “Coldplay” и други артисти одржа концерт под името “One Love Manchester”, посветен на жртвите на овој немил настан.

Гранде неодамна настапи во Вашингтон, на протестот “March For Our Lives” каде ја изведе песната “Be Alright”.