Регион 20. јуни 2018. / 13:44

Живот во ЕУ: Се очекува пад на пензиите во Бугарија

Живот во ЕУ: Се очекува пад на пензиите во Бугарија

Во високоразвиените земји на ЕУ, процентот на работоспосбно население во вкупниот број на жители, е во просек 52% до 58%. И тие бројки се ниски, споредено со САД и Канада каде поплавата од млади и образовани луѓе, доведе до ситуација во која работоспособното население изнесува 64% во САД, 62% во Канада.

Сосема обратни се тенденциите во Источна Европа, поготово на Балканот. Со отворањето на границите, и одливот на работоспособното население, особено високообразуваните кадри, се помал е бројот на население кое го полни државниот буџет, се поголем е бројот кој чека државна социјална или пензиска помош. Во Бугарија, уделот на работоспособно население падна на 44% (во Македонија каде нема попис на населението, претпоставките се едвам над 50%) од целокупната популација на државата. Без доволно брз економски раст, кој квалитетно ќе го зголеми животниот стаднард, ново-интегрираните држави од Источна Европа ги чека единствено демографска катастрофа.

Бидејки се помалку жители ги полнат државните пензиски фондови, а од друга страна секоја година се зголемува бројот на пензионери кои го трошат, Бугарската Влада најавува дека во периодот 2019/2020 година, просечната пензија ќе падне од 38%, на 35% од просечната плата. Тоа се околу 160 евра. Притисоците кои ги трпи владата на Бојко Борисов, предвидуваат реформи кои воопшто не се евтини, односно би го удвоиле јавниот долг за помалку од 3 години. Другата алтернатива за да се успори падот на државните пензии е подигнувањето на возраста за пензионирање, но и оваа алтернатива дава резултат само во првите неколку години, односно е краткорочна, бидејки новите пензионери сепак ке го остварат павото на пензија после извесно време.

Какви тенденции ја очекуваат Македонија при интеграцијата во ЕУ, дали ќе се трансформираме во богата држава, или можеби во напуштена провинција? Колку и да е далеку нашата интеграција во ЕУ, ова прашање е сосема релевантно, поготово денес, кога грчката препрека официјално не постои.