Регион 10. јануари 2021. / 10:29

Зимата стигна во Србија, падна првиот снег во Белград

Зимата стигна во Србија, падна првиот снег во Белград

По неочекувано топлите ноември и декември, но и првите неколку дена од јануари, снегот конечно се забележа во цела Србија.

Снег има и во Белград, во главниот град на Србија, каде започна да паѓа околу полноќ, а утрово се задржа на површините, па може да се забележи на покривите на куќите и зградите, но и на улиците, во скоро сите општини.

РХМЗ предупреди дека во Србија денес и утре се очекуваат обилни врнежи од снег, што ќе доведе до зголемување на снежната покривка.

Поради интензивниот снег на територијата на Ужице, на сите државни патишта од 1-ви и 2-ри ред, во сила е прекин на сообраќајот за товарни моторни возила.

На некои места на територијата на Белград, Ивањица, Колубара, Мачва, Крагуевац, Крушевац, Ниш, Нови Пазар, Пожега, Ужице, Ваjeево, Врање, Зајечар има снег до пет сантиметри.