Регион

Жестоко заладување стигна на Балканот – снег во Хрватска (ФОТО)

Жестоко заладување стигна на Балканот – снег во Хрватска  (ФОТО)

Во цела Далмација промената на времето донела голем пад на температурите, а некаде имало и снег.

Во попладневните часови температурата на хрватското крајбрежје била над 12 степени, што е пад од дури 15 степени во однос на минатата недела.

Ниските температурите биле проследени со дождови и грмотевици.

 

Дури и снег бил забележан во Далмација. Некаде околу 20 часот температурата во воздухот паднала на 0 степени, а дождот преминал во густ снег кој засега не се задржува на тлото.

Снег се очекува и на планините Динара и Камешница.