Регион 10. септември 2019. / 20:30

Земан од Белград: Ги сакам Србија и српскиот народ, но не и Косово

Земан од Белград: Ги сакам Србија и српскиот народ, но не и Косово

Претседателот на Република Чешка Милош Земан кажа по пристигнувањето во Белград дека многу ги сака Србија и српскиот народ, но „не и Косово“.

Земан допатува во посета на Белград, а на аеродромот Никола Тесла го дочека неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ.

Односите меѓу Србија и Чешка се денес на највисокото ниво – напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм, со фотографии од дочекот на аеродромот.

Претседателите Вучиќ и Земан положија денес венци на Споменикот на бранителите на Белград 1914-1918. Планирано е денес тие да одржат средба во четири очи, а потоа ќе следи пленарна средба на делегациите на Србија и Чешка.

За утре е најавено и потпишување на билатералните договори, а потоа ќе следат изјавите за медиумите на претседателите на Чешка и Србија.