Српската Влада на денешната седница усвои одлука со која на сите здравствени работници од први април им се зголемува платата за десет отсто, соопшти Владата.
Зголемување на платата се однесува на сите здравствени и военоздравствени институции, вработените во здравствената заштита во установите на социјална заштита, како и на лекарите во заводите за извршување на кривични санкции.
Одлука е донесена, имајќи предвид дека здравствените работници поднесуваат голем товар и одговорност во деновите на борбата на Србија со Ковид-19, се наведува во соопштението.
Од Владата највија за денеска и прес конференција, на која министерот за финансии Синиша Мали и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, ќе ги престават пакетот на економски мерки за ублажување на последиците врз економијата како резултат на епидемијата на Ковид -19.