Бугарскиот зимски туристички центар Банско, од утре доцна повеќе нема да биде во карантин, откако изминаа 14 дена дена откако беше забранет секаков контакт на градот со останатиот дел од земјата.
– Се укинува и забраната за влез и излез од градот – соопшти бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев.
Според министерот, во Банско ќе продолжат да се применуваат антиепидемиските мерки, кои важат на територијата на цела Бугарија.